Илиевски на Михајловски: 12 години од страна на владата на ВМРО не сакавте да поставите една сообраќајна табла

0
25

Сите објекти кои ВМРО ги одзеде од општина Куманово, власта на СДСМ ги врати и веќе се во фаза на реконструкција.
„ На овие избори настапуваме со нова програма која е реална и богата, средства имаме и ја имаме финансиската конструкција кој проект од каде ќе се финансира“, изјави Оливер Илиевски кандидат за градоначалник на општина Куманово од СДСМ, на телевизиската дебатата на МРТВ.
Во нашата програма имаме макро и микро проекти за општината и сите населени места кои ќе бидат реализирани, рече Илиевски.
,, Гасификација на Куманово и индустриските зони, сообраќаен проект со подземни сообраќајници и подземни паркинг места, изградба на две катни гаражи, изградба на детски градинки, реконструкција на градскиот стадион и изградба на спортски терени, а ќе го подржуваме спортот и младите. Куманово ќе биде чист град , а тоа ќе го реализираме со проектот ,, Мој еколог”. Спортската сала, стадионот и соколана на општина Куманово беше одземена кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, сега ние ги вративме во владение на општина Куманово и како што ветивме со помош на владата спортската сала веќе се реконструира. Онаа што од страна на ВМРО ДПМНЕ беше одземено на Куманово сега ние му го враќаме на градот“, рече Илиевски кој му реплицираше на неговиот противкандидат Тони Михајловски од ВМРО ДПМНЕ.
,,12 години од страна на владата на ВМРО не сакавте да поставите една сообраќајна табла во Куманово, не реализиравте ниту еден проект освен две тениски игралишта. Сега од централна власт во Куманово се вложени 121 000 000 евра,реконструирани се сите регионални патишта, а за четири години нема да има повеќе неасфалтирани улици и граѓани без вода и канализациона мрежа“, кажа Илиевски.