Илиевски на Тв21: Владата инвестираше 121 милион евра во развојот на Куманово, Владата нуди финансии, но Општината треба да аплицира со проекти

0
21

Кандидатот за Градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски, на дебатна емисија во ТВ21 истакна дека Владата предводена од СДСМ континуирано вложува во развојот на Куманово.

“Куманово беше општина задолжена 3.9 милиони евра, Владата даде 1.8 милиони евра и продолжува континуирано да инвестира во бројни проекти. Со 121 милион евра за реконструкција на сите магистрални и регионални патишта во кумановскиот регион, реконструкција на спортска сала, Соколана, изградба на игралишта од страна на Агенцијата за млади и спорт, изградивме излетничко место во Студена вода преку програма за рурален развој, реконструкција на училишта од страна на МОН, и други проекти од европски фондови.”

Тој истакна дека најважна е соработката меѓу локална и централна власт, да се аплицира за проекти кои може да бидат поддржани од Владата и да се искористи секоја можност во корист на граѓаните.

Илиевски подвлече “Очекуваме таа помош и поддршка од Владата и самиот успех на централната власт да продолжи и на локално ниво, а тоа е можно само со СДСМ.”