И во Дебар се влошува состојбата со КОВИД 19

0
19

И во Дебар се влошува состојбата со КОВИД 19. Моментално има четриесетина пациенти кои се лекуваат, а се сместени во две одделенија каде се лекуваат Ковид пациенти

Се зголемуваат амбулантските прегледи што е знак дека и понатаму ќе расте бројот на хоспитализирани пациенти и позитивни случаи.

Свадбите и семејните прослави го зголемија бројот на хоспитализирани и починати, особено во западниот дел на Македонија

Во полошко за нијанса се намалува бројот на амбулантски прегледи и позитивни случаи, но во останатите соседните општини како Маврово – Ростуше и Дебар пикот допрва доаѓа.