И покрај санкциите, во полошко се вози бесни, за еден ден 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина

0
19

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (29 септември) од 8 до 20 часот спроведена е акциска контрола за брзина, во рамките на која биле откриени и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-8 и ГВ-9), од кои 2 биле за повеќе од 50 километри на час.

Покрај ова, санкционирани се и 6 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, а во акцијата санкционирани биле и 18 други видови прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-2).

Сообраќајните контроли  ќе продолжат и во наредниот период, а Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на брзината и да придонесат за  побезбедни патишта во Полог.Ова, дотолку повеќе што најголемиот број од сообраќајните несреќи и годинава на ова подрачје се причинети од неприлагодена брзина според условите на патот.