Ковачевски: Невработеноста на историски минимум, се намалува и државниот долг

0
12

Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ денеска кажа дека успешните политики на власта носат резултати со тоа што, како што вели, невработеноста е најниска во историјата, а се намалува и државниот долг.

„Сите показатели потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Македонската економија излегува од кризата и се движи кон стабилни и поголеми стапки на раст, кон зголемување на економските активности и отворање на нови работни места.

Стапката на невработеност денес изнесува15,9 отсто, што е историски најниско ниво.

Стапката на невработеност во вториот квартал годинава е пониска за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

Истовремено, стапката на вработеност има раст од 1,5 отсто во последните три квартали, односно расте со темпо како пред пандемијата.

И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%.

Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дизбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60% за жени и 40% од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.

Уште една потврда за позитивните економски политики на СДСМ е намалувањето на државниот долг од 55,9 отсто од БДП на 52 отсто.

Државниот долг е намален за 3,9 процентни поени во однос на 30 јуни годинава.

Истовремено, просечната плата континуирано се покачува и од јуни 2017 година е зголемена за над 6.500 денари на 28.744 денари“, рече Ковачевски.