Косово и Србија се договорија за табличките, ќе формираат комисија

0
46

Претставниците на Косово и на Србија кои денеска се сретнаа во Брисел се договориле за регистарските таблички, но сè уште не постигнале финално решение, јавуваат вечерва косовските медиуми.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, по средбата изјави дека Србите сè уште не го прифатиле конечното решение. Сепак, било договорено да се формира работна комисија, односно група, која ќе почне да работи од 21 октомври.