Македонец фатен со „ауди А8“ со 252,8 километри на час, српската полиција во шок

0
15

Спските медиуми со неверување известуваат за „бесниот“ македонски граѓанин, кој дивееле на автопатиштата низ Србија.

Според српското министерство за внатрешни работи тој се движел на автопатот Ниш-Белград.

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, денес околу 12.30 часот на автопатот Ниш-Белград крај Велика Плана, запреле и исклучиле од сообраќај триесет и двегодишен возач. Граѓанин на Северна Македонија возел „Ауди А8“ со брзина од 252,8 километри на час, на делот од патот каде што дозволената брзина е 130 километри на час. Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилно возење, информираат од српското МВР.