МВР фатила на дело малолетен крадец кој одзел златен накит од врат на минувач

0
18

Полицијата фатила малолетен крадец додека се обидувал да изврши „тешка кражба на дрзок начин“.

Како што соопштија од МВР, вчера (28 септември 2021 г.) околу 14.10 часот на улица „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, малолетниот крадец со употреба на сила одзел златен накит од вратот на Н.А. (61).

Крадецот бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.