МИНИСТРИ ВО РАБОТНО ВРЕМЕ СО СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ОДЕЛЕ НА ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ: ДКСК ќе бара одговорност

0
20

Антикорупционерите ќе истражуваат дали двајца министри во работно време оделе на партиски активности и тоа со службени возила.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната прес-конференција изјави дека ќе побара од Владата одговорност за министрите од ДУИ, Бујар Османи и Насер Нуредни кои за работно време имале партиски активности и се возеле со службени возила од министерствата.

„Прво ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дали навистина возилото е користено за партиски активности. Доколку е така, како што имавме примери и во претходните изборни циклуси, ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, рече Ивановска.

До Државната комисија за спречување корупција(ДКСК) имало пријави за забранети активности, агитирање, прерано почната кампања, злоупотреби на државни ресурси. Станува збор за вкупно 21 пријава за нарушување на изборната кампања. ОД ДКСК ќе ги следат и трансакциските сметки на партиите, за да видат дали има нелегален прилив на пари.