НА ПОЛОШКОТО ПОДРАЧЈЕ ЗА 6 ЧАСА САНКЦИОНИРАН 21 ВОЗАЧ КОЈ ВОЗЕЛ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

0
19

Вчеравечер 26/27 септември, од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи, кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 17 возачи (ТЕ-13 и ГВ-4) кои управувале возила под дејство на алкохол.

Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-6).

На почетокот на изминатиот викенд на ова подрачје спроведена е и акција за контрола на мотоциклисти, при што биле констатирани вкупно 37 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-20). Најголемиот број од прекршоци-30 (ТЕ-10 и ГВ-20) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, 6 мотоциклисти управувале без возачки дозволи (ТЕ), а 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл. Откриени и адекватно санкционирани биле и 27 други видови прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-2 ).