Нема да се бара продолжување на рокот за пописот – попишувачите сè уште не тропнале на многу врати

0
20

Државниот завод за статистика нема да бара продолжување на рокот на попишување. Директорот Апостол Симовски, за ТВ21 рече дека нема потреба од пролонгирање на рокот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

Сепак, дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови.

„Во некои скопски општини, попишувачите сѐ уште не попишале неколку населби, поради што граѓаните изразуваат загриженост да не останат непопишани“, истакна репортерката на ТВ21.

Симовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан. Додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле

И од Владата потврдуваат дека не е побарано пролонгирање на рокот за пописот. Велат дека се ставени на располагање сите капацитети за статистичката операција да заврши во законскиот рок.

Заклучно до денеска до 7:30 часот, се попишани вкупно 1.760.194 граѓани, 546.8080 домаќинства и 789.406 станови. Можноста за самопопишување на лица надвор од држава ја искористиле 201.247 граѓани од дијаспората.