Ниту германскиот ниту домашниот писмен извештај од вештаците за пожарот во модуларната болцниа во Тетово не е готов

0
18

Трета недела а нема никаква информација околу истрагата. Како и досега така и најновата информација на Јавното обвинителство вели дека се преземаат дејствија се сослушуваат сведоци , а во меѓувреме ги чекаат писмените извештаи на германските експерти како и на домашните вештаци. Најавите беа дека до крајот од минатата недела германскиот извештај ќе биде готов, а до крајот на месецов домашниот, но сепак на овие круцијални докази се уште се чека

Тетовци поделени. Велат дека институциите треба да си работаат, да не се притиска, но некои сметаат дека истрагата треба да се забрза, за да не се забошоти целиот случај, како што било и досега за одредени катастрофи

Инаку за пожарот во модуларната болница во која живи изгореа 14 лица, засега само е поднесена морална одговорност односно морални оставки од директорите на тетовската болница, како и од Министерот за здравство и неговиот заменик.

Се сослушаа дел од медицинскиот персонал и дел од роднините на загинатите, но конкретни информации околу истрагата нема. Местото околу модуларната се уште е обезбедено со поликциски ленти, а го чуваат припадници на СВР Тетово, во случај да не се појави потреба од дополнително вештачење.