Од денеска започнува изборната кампања: Ќе трае 19 дена

0
19

Додека во Државната изборна кампања течат подготовките за претстојните избори, од денеска партиите ја почнуваат изборната кампања и рекламирањето кое ќе трае до 15 октомври на полноќ. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.

Изборите ќе се одржат на 17 октомври во недела. Ден пред одржувањето на изборите, ќе гласаат старите и изнемоштени лица и затворениците, како и лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 како и оние кои се во самоизолација.

Кампањата, сепак неофицијално, е во полн ек, а власта и опозицијата преку различни активности настојуваат да ги придобијат гласачите. Започнување на изградба на проекти и нивно пуштање во употреба е забрането, но особено од партиите на власт велат дека увидот на терен не е забранет, ниту пак, разни трибини, средби со граѓаните и тн.

Додека трае кампањата, како што неодамна најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, парламентот нема да заседава, освен доколку има потреба од итна седница, е со цел законодавниот дом да не се користи како изборна арена.