Оклопни возила на српската војска во близина на административниот премин со Косово (ВИДЕО)

0
34

Припадници на војската на Србија се наоѓаат на патот кој води кон административниот премин Јариње.

Во моментов таму се четири оклопни возила кои од административната линија се оддалечени помалку од два километри, јавува Б92.

Војската на Србија има воена база во близина на Јариње.

Српската војска е во повишена воена готовност поради ситуацијата на северот на Косово, а во изминатите три дена преминот го надлетуваа воени хеликоптери и авиони.

Министерството за одбрана на Србија порача дека единиците на српската војска се во повишена борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар, со што државата сака да испрати јасна порака дека повеќе нема да се случи погром на српскиот народ.