Општина Гостивар издвои по илјада евра за семејствата на жртвите пожарот во Тетово

0
20

Општина Гостивар е прва општина што финансиски ќе им помогне на семејствата на жртвите кои ги загубија животите во трагедијата во Тетово. На вонредна седница, Советот на општина Гостивар, на предлог на градоначалникот Арбен Таравари, изгласа одлука да се издвојат по илјада евра од буџетот на општината за секое семејство коешто изгуби член во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Градоначалникот Таравари донираше една плати и на тој гест се приклучија општинските советници, кои донираа дел од нивниот надомест што го добиваат за работа во советот.

„Во мое и ваше име, изразив искрено сочувство до членовите на семејството кои пред два дена ги загубија своите најблиски во Тетово. Мојот предлог до вас е на семејствата на жртвите да им се помогне со по илјада евра. Исто така, ја донирам мојата месечна плата. Би било добро да им помогнеме на овие семејства бидејќи ние сме соседна општина. Уверен сум дека ќе го поддржите овој предлог и
ја очекувам вашата поддршка како израз на длабока солидарност, напомена градоначалникот Арбен Таравари во обраќањето пред советот на општината на вонредната седница.

Двете точки кои ги предложи градоначалникот Таравари и онаа на општинските советници поминаа со едногласна поддршка. Седницата започна со оддавање почит на загинатите и едноминутно молчење.