ОПШТИНА ТЕТОВО – НЕМАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА, НАДЛЕЖНОСТИТЕ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ЦЕНТРАЛНО НИВО

0
15

По написите во повеќето медиуми околу одговорноста на Општина Тетово и Клиничката болница Тетово за контрола на изградбата, фунционалноста, заштитните механизми во објектот кои во документите насловени како План за Еколошки и социјален менаџмент на модуларните болници објавени во октомври 2020 година кои ги објави Дојче Веле на Македонски јазик, Општина Тетово преку писмено соопштение се огради од одговорност

Оттаму посочија дека градењето на модуларната болница во Тетово како и на сите други низ државата се изградени со посебен закон, а сите надлежности како што посочуваат во соопштението се насочени на централно ниво, односно Министерството за здравство кое го издава решението

. Во оваа насока ве известуваме дека врз основа на последните измени од Закон за градење ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.279 од 24.11.2020 )во член 4 го цитираме членот: во член 74 во ставот (2) по зборовите : “решението го издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот “ се додават зборовите “ барањето за изведување односно постапување на модуларни градби или група од модуларни градби , наменети за вршење на здравствена дејнсот се поднесува до Министерство за здравство и решението го издава Министерство за здравство”. Во ставот (5) по зборовите ‘органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот “ се додаваат зборовите “ заклучокот , односно Решението на Министерство за здравство, истакнаа преку писмено соопштение од Општина Тетово

Од Општина Тетово потенцираа комуналите инспектори немаат надлежност да вршат контроли врз посебни објекти и градби од прва категорија., а и системите за безбедност и за гасење на пожар и контролата на нивната функсионалност се исто татка се под надлежност на Министерството за Здравство, односно и на други институции од централно ниво. Оттаму истакнаа дека модуларната болница е градба од прва категорија и за истата инпсекциски надзор врши државен инспекторат.

Инсталациите водовод и канализација биле во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само приклучок на истите, потенцираат од општината

Инаку директорот на Клиничката болница Тетово  Флорим Бесими, заедно со одговорно лице во болницата, преставници на Општина Тетово како и комунален инспектор биле одговорни за планот за регуларно одржување на инсталациите во модуларната болница во Тетово, односно за струјата, водата, одводната мрежа греењето.

Сето ова стои во документите насловени како План за Еколошки и социјален менаџмент на модуларните болници објавени во октомври 2020 година, а ги опфаќаат фазите на изградба на болниците, нивното одржување и контрола.

Во документот кој што го објави Дојче Веле на Македонски јазик пишува дека контрола на изградбата, фунционалноста, заштитните механизми во објектот, надлежни се општинските власти во Тетово или изведувачот понудувач Брако,.

Било предвидено и присуство на супервизор од Општина Тетово во подготвителната фаза, а во фаза на градба контроли од општински инспектори за градба и животна средина. Средствата за тоа биле обезбедени во буџетот за проектот, или требало да ги сноси изведувачот.