Организаторот на протестите во Тетово почна штрајк со глад

0
19

Блерим Ахмеди, организаторот на протестите во Тетово за одговорност на политичарите по трагедијата во модуларната болница почна штрајк со глад во затворот во Скопје. По протестите во кои беа повредени и четворица полицајци Ахмеди доби осумдневен притвор.

Ахмеди е од Кичево и е познат како организатор на многу протести. Освен него, приведени се уште 4 лица.