Папата им испрати подарок на затворениците – 15.000 сладоледи

0
17

За време на едно од најжешките лета во историјата на Италија, папата Франциско испрати 15.000 сладоледи на затвореници во два римски затвори, објави денеска Ватикан, пренесуваат светските медиуми

Во соопштението од канцеларијата на папата за хуманитарни акции се наведува дека сладоледите биле испратени во затворите на Регина Коели и Ребиби, пренесуваат агенциите.

Сладоледот го однел полскиот кардинал Конрад Крајевски, човекот на Папата за помош на сиромашните, инаку еден од најмладите кардинали кој има 57 години.

Канцеларијата на Крајевски, исто така, објави дека медицинска опрема во вредност од 600.000 американски долари е испратена на Мадагаскар, како и 2,37 милиони долари помош за реконструкција на медицински установи во три неименувани африкански земји.