Погребани починатите од пожарот во болницата во Тетово

0
16

Со длабока болка во душата, денеска тетовци им одадоа последен почит на најблиските, четиринаесетте починати кои починаа во животот во пожарот што ја зафати модуларната болница.

Седум од починатите се од градот Тетово, додека седум други се од околните села, Речица, Синичани и Бозовце.

12, од четиринаесетте починати кои загинаа во пожарот, биле пациенти кои со денови биле хоспитализирани , додека другите две – биле во посета на пациенти, нивни блиски, но кои не успеале да се извлечат и се задушиле од чадот.

Петнаесеттата жртва, која подоцна беше идентификувана, е исто така пациентка во модуларната болница во Тетово, но  за која обдукцијата покажа дека починала од коронавирусот, а не од пожарот.

За семејствата на починатите, општина Тетово донесе одлука за помош .  Иста одлука денеска донесе и општина Гостивар, која одвои по 61000 денари за семејствата кои настрадаа во трагедијата од пред два дена.