Пописот влезе во ритам – досега попишани 618 илјади граѓани

0
15

Пописот продолжува со полна пареа, а техничките проблеми кои се појавија се веќе надминати, уверуваат наделжните.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека неколкудневниот застој нема да се одрази на процесот, а проблемите со системот ги смета за нормални во услови кога се користи технологија.

Засега, единствено сомнеж за процесот има партијата Левица, која отворено повика на бојкот.. Но, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Игор Здравковски, на Фејсбук објави документи, кои како што вели, потврдуваат дека членови на Левица директно учествуваат во процесот како попишувачи, додека на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како член на оваа партија е дел од пописните тимови. Дека станува збор за нивен член потврдија и од Левица, а министерот Маричиќ смета дека тоа е позитивен сигнал.

„Отпор практично да нема, не се приметува, гледаме дека дури и претставници на политичките партии кои се обидоа да работат на бојкотот работат на пописот и за мене тоа е добро и е за поздравување, ова е натпартиска операција“, вели Бојан Маричиќ – Министер за правда.

Попишувачите вчера евидентирале 106.663 граѓани, со што вкупната бројка на попишани во првите десет дена од спроведувањето на оваа статистичка операција изнесува 618.120 граѓани, 191 839 домаќинства и 257.099 становI