ПОПИСОТ ПРОДОЛЖУВА СО ПОЛНА ПАРЕА, ПОПИШАНИ 420 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ

0
18

По нападите на веб-страницата на Државниот завод за статистика – веќе два дена населението се попишува без проблем. За продолжување на рокот на попишување по 30 септември, поради неколку дневниот застој во операцијата, не се размислува. Од Државниот завод за статстика велат попишувањето сега се одвива без проблеми, и доколку продолжи со ова темпо нема да има потреба од пролонгирање на рокот.

Од статистика уверуваат техничките проблеми се надминати, а доколку во меѓувреме настан нови тие веднаш ќе се решаваат, за да нема застој во процесот. Досега попишани се над 400 000 граѓани, а само вчера попишувачите на терен евидентирале 111 186 лица. Апелираат граѓаните да отоворат врата и да ги дадат потребните податоци.

„До 20:00 часот, 12 септември попишани се 419 485 лица, 129 614 домаќинства и 173 439 станови. Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.“

Граѓаните активно да се вклучат во пописниот процес денеска повикаа и од Демократската унија за интеграција. Велат, партијата се погрижила законот за попис да биде сеопфатен.

„Демократската Унија за Интеграција се погрижи законот за попис на населението да биде сеопфатен, без ниту една забелешка, за сите фази низ кои поминува овој важен статистички процес. Со закон, се обезбеди можноста секој граѓанин да се попишува, брои, да се види.“ – Агим Нухиу – ДУИ.

Дека времето до 30 септември за спорведување на пописот е доволно пред неколку дена за ТВ24 посочија и од Владата. Иако поддршка за најобемната статистичка операција има и од најголемата опозициска партија во земјава, сепак дел од опозиционерите, по низата технички проблеми во статистика, изразија сомнеж дека процесот на попишување е квалитетен.

Заводот за статистика е убеден дека до 30 септември пописот ќе биде успешно завршен. Пописот на населението домаќинствата и становите започна на 5 септември. Продолжува и пописот на Дијаспората.