„Попишувачите во Тетово ќе дојдат за Нова Година“ – Тетовци на последниот ден реагираат на бавното теренско попишување

0
21

Диана Јовановска од Тетово е една од непопишаните од пописната комисија. Таа очекувала пописот да се продолжи, затоа што нејзиното семејство и дел од соседите не биле попишани, а во разговор изминатиов период добива информации дека и други лица не се попишани, објави ММС Но, откако вчера како што вели на вести кажале дека пописот нема да се продолжи, решила да реагира на социјалните мрежи.

Но, по нејзината реакција во која пишува „Пописот заврши, а кај нас никој не дојде“,  се јавија многу тетовци, кои велат дека и кај нив никој не се појавил.

„Дики и кај нас никој жив не се појави, ниту оставил некој порака дека бил„,  „И кај нас жими пописов“, додека  некои комично одговараат дека попишувачите во Тетово ќе дојдат за Нова Година.

 

ММС ја се обрати кај Јовановска, која ни рече дека во нејзиниот дом во строг центар на Тетово постојано има некого, а пописната комисија не тропнала на врата целиот овој изминат период, од почетокот.

 

-Постојано за време додека трае пописот имаше кај нас дома некој член од семејството, оти едното од моите деца е студент, другото е на смена, а сопругот е два дена во неделата на работа, значи сигурно некој има дома, но и да не е некој дома треба да остават некое пусулче, некоја порака, што се вели, за да знам дека не не нашле, па јас да ги барам. Така да чекав на вести да слушнам дека пописот ќе се продолжи, но не е така. За мене зачудувачки е како ние живееме во строг центар, а не сме попишани. Сметам дека ова не е мал проблем и треба јавно да се каже. Како може на строг центар на градот да не дојдат да не се попишеме, па тогаш што е со некои семејства кои живеат во некои села, вели Јовановска.

Таа вели дека денеска кога е последен рок за пописот не би отишла да се попише директно во салата во Општина Тетово каде граѓаните имаат можност сами да се попишат.

 

-Тоа е должност на самата пописна комисија, треба да се запраша пописната комисија зошто не го завршиле пописот како што треба, додава Јовановска

ММС се обрати кај Пописната комисија, од каде велат дека 84 % од објектите се посетени, останати се само 16 проценти , но се рабати за објекти, кои се од спортски и рекреативен карактер и плевни во селата.  На прашањето на ММС зошто некои луѓе не се попишани, а ги има доста и дека  реагираат на социјалните мрежи од комисијата ни одговорија:

 

 

-Пописната комисија е на терен, таа ќе работи до 23 часот навечер. Сите граѓани ќе бидат попишани, сите домаќинства ќе се посетат, да не се прави паника. Сепак се работи според планот,изјави Назми Даути од Пописната комисија Тетово.

Преземено од ММС