После подолго време ЈКП Тетово се снабди со нова механизација за чистење на градот кој тоне во смет

0
15
Општина Тетово денеска предаде во употреба 4 нови камиони за собирање отпад, 1 чистач и 1 воздушна метла, за потребите на ЈПК „Тетово“.Овој проект беше имплементиран пред извесно време преку канцеларијата на МСИП при Министерството за финансии, финансиран од Светска банка.

 

Грантот вклучува снабдување на општината со 4 специјални возила за собирање отпад, 2 специјални возила за чистење и 150 контејнери.

Овие неповратни средства се добиени во рамките на успешната имплементација на два претходни проекти со Светска банка:продолжување на булеварот В.С Бато и снабдување со 5 автобуси за потребите на градскиот превоз.Овој проект ќе овозможи континуирано собирање отпад и истовремено обезбедување чиста животна средина за граѓаните.

После подолго време општината доби нова механизација на чистење на градот каде хигиената е во многу лоша состојба и покрај тоа што сега не се тука печалбарите за кои Општина Тетово велеше дека поради нивното присуство капацитетот на собирање на комунален смет на дневна основа се зголемува двојно.