Почина Владимир Змејковски,еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ

0
26

На социјалните мрежи се простуваат од Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти. Змејковски беше еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од потесното семејство, Змејковски починал по долго боледување, пишува Плусинфо.

Голем број членови и симпатизери на партијата, како и почитувачи на самиот Змејковски денеска преку социјалните мрежи се простуваат од него, со фотографии и последни пораки.