Почнува давањето трета доза од вакцините против ковид-19

0
17

Здравствените работници први ќе се вакцинираат со трета бустер „Фајзер“ доза, оти пред шест месеци само тие имаа можност да се вакцинираат во земјава.

Иако официјално вакцинацијата со трета доза официјално започнува утре, граѓаните над 60 години и оние со имунокомпромитирачки болести нема да се „боцкаат“ баш неделава, бидејќи не мина пола година откако започна вакцинацијата и за нив. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека СМС пораките што граѓаните ќе ги добиваат од „Мој термин“ ќе бидат само потсетник, бидејќи ќе може да се вакцинираат каде сакаат, без термин.

Наредната недела треба да се одлучи дали трета доза вакцина треба да се препорача и за вработените во т.н „критична инфраструктура“, односно за полицајци, војници, новинари, пожарникари, возачите на автобуси, воспитувачки, наставници.

За трета доза кај нас наменета е само „Фајзер“, а според надлежните, тоа е така бидејќи нема ризик ако другите две дози биле од друг производител. А и освен тоа што оваа компанија е најдалеку во однос на медицинските истражувања во однос на ефикасноста, ја препорачува и Американската агенција за лекови.

Досега со две дози имунизирани се повеќе од 714.000 граѓани, или околу 37 % од населението, што е мал процент за да се постигне минимум колективен имунитет од најмалку 70%.