По подолго време надвор од политиката Рафис Алити со јавна подршка за ДУИ, на централен митинг седнат веднаш до  Арифи.

0
15

После подолго време Рафиз Алити познат како Командант Мсуси се појави на политички собир. Овој пат со подршка за Арифи, кој на митингот кој се одржа во Тетово во спортската сала на Медицинското училиште беше седнат веднаш до кандидатот за градоначалник која ќе се бори за трет мандат.

Таа пред присутните го поздрави и јавно искажа благодарност до човекот, кој како што рече, заедно се бореле односно работеле за формирање на Демократската Унија за Интеграција

За многумина сликата на командант Мсуси кој беше седнат на првите редови веднаш до претседателот на партијата Али Ахмети како и до кандидатот за градоначалник Теута Арифи беше изненадувачка, со оглед на фактот што Рафиз Алити подолго време е надвор од политиката и далеку од очите на јавноста, пред се поради неговите конфликти со високи структури на на ДУИ.

Но, веќе самата фотографија говори дека Теута Арифи веќе команданр Мсуси го смета како важен фактор, кој може да придонесе за победата на Тетово.