По третата доза на Синофарм антителата „скокаат“ за четири пати

0
15

По третата доза од вакцината на Синофарм, на лицата до 65 години нивото на антитела им се зголемува за четири пати, а кај лица над 65 години за двапати.

Оваа информација е официјално поставена на веб-страницата на Кинеската агенција за лекови, а тоа во Србија го соопшти директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Скодриќ, а пренесе Блиц

Говорејќи за утринската ТВ програма, таа зборувала за тестирање на антитела, но и мешање на вакцини.

„Нивото на антитела не е единствениот критериум, да бидеме логични, колку повеќе време поминува од вакцината, нормално е нивото на антитела да се намали, затоа треба да ја примите третата доза дополнително. Нивото на антитела е помало кај постарите лица, па оттука одговорот е помал. Истото важи и за луѓето со хронични заболувања“, рече таа.

Со оглед на мешањето на вакцините, директорот на ФЗО изјавила дека официјалната препорака на СЗО е да не се мешаат вакцините, но, како што вели таа, заштитата ќе остане и ништо нема да се случи дури и ако вакцините се измешани, и дека најважно е да се добие трета доза.

„Третата доза се дава без оглед на нивото на антитела“, вели оваа лекарка и дава за пример една студија.

„Направена е студија на 10 милиони луѓе во Чиле, која покажа дека 65,6 проценти од вакцинираните нема да добијат никакви симптоми, 87,5 проценти ќе бидат заштитени од хоспитализација, а 86,4 проценти ќе бидат заштитени од смрт“, заклучува таа.