Претседател на советот Македонец, правична застапеност на Македонците во Општина Тетово, заложби на советничката листа на ВМРО НП

0
32

Носителот на советничката листа за Општина Тетово од ВМРО НП Стевица Саркоски, пред почетoкот на изборната кампања потенцираше неколку заложби на советничката листа чија носител ќе биде токму тој,ж

-Претседател на советот да биде Македонец, правична застапеност на Македонците во локалната самоуправа. Правична застапеност во распределбата и трошењето на буџетските средства, нулта толеранција за корупција во локалната власт, изградба на пречистителни станици за отпадни води по сите светски стандарди, изградба на регионална депонија за цврст отпад, враќање на стариот спортски центар за граѓаните на Тетово. Исто така им нудиме на советници од политичките партии од Македонскиот блок кои ќе добијат место во советот, да потпишеме договор да не учествуваат во конституирање на советот, се додека Македонец не ја добие функцијата Претседавач на советот, рече Стевица Саркоски.