Продолжува притворот за петмина демонстранти во Тетово

0
22

Телевизија 21 дознава дека на петтемината демонстранти кои беа уапсени на денот на протестот, им се продолжува притворот додека рочиштето не го закаже судијата.

Четворица обвинети се товарат за кривично дело „напад врз службено лице“ и „учество во толпа“, додека организаторот на протестот е обвинет за „непочитување на Деловникот за време на организирање јавни собири“ и „ напад врз службено лице “.

Демонстрантите беа уапсени на 17 септември, кога протестираа за одговорност за трагичниот случај, каде на 8 септември беше опожарена модуларната болница во Тетово ,а како резултат на тоа 14 луѓе ги загубија животите