Име Полошки Глас Протестен собир на форумот на млади и иницијативата „Гостивар кој го сакам”

Протестен собир на форумот на млади и иницијативата „Гостивар кој го сакам”

0
41

Со протестен марш и собир пред зградата на локалната самоуправа во Гостивар членови на Младинскиот форум на ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам”, искажаа незадоволство и револт од функционирањето на казината во градот.

Учесниците, пред општинската зграда направија импровизирано казино и во обраќањето посочија дека актуелниот градоначалник по четири години не го остварил ветувањето да ги отстрани казината од центарот на градот. Напротив, како што нагалсија, нивниот број се зголемил.

– Гостивар стана Лас Вегас во Македонија, но без гламурот и богатство. Во ниту еден друг град во земјата нема повеќе казина по глава на жител како што е тоа во Гостивар. Со 41 салон за игри на среќа во нашиот град – фактички имаме повеќе казина отколку училишта и градинки! Не сакаме нашите деца да растат во град под закана од кучиња скитници, депонијата Русино или „коцкарската индустрија”. Како и многу други граѓани, велиме доста ни е, рече Лек Далипи од иницијативата „Гостивар кој го сакам”

На протестот лицата искажаа поддршка на законот предложен од Демократската Унија за Интеграција со кој се предвидува оддалеченост од најмалку 500 метри на коцкарниците од училиштата. /МИА