Рама: Сите земји од регионот порано или подоцна ќе се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан

0
20

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека земјите од Западен Балкан, кои не ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, ќе се приклучат порано или подоцна, пренесува ТВ Клан Косово.

„’Отворен Балкан’ е воспоставен и ќе се спроведе, времето ќе докаже, како што одминува од година во година, дека оваа иницијатива е добра. Дефинитивно ќе има место во ‘Отворен Балкан’ за оние што ќе дојдат порано или подоцна, а оние што ќе се придружат подоцна, едноставно ќе бидат во загуба, и земјата и луѓето“,рече Рама денеска на прес-конференција во Тирана со претседателката Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска беше во посета на Тирана.

Фон дер Лајен, по Албанија, попладнево пристигна и во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Рама нагласи дека „Отворен Балкан“ е стратегиски интерес и дека се темели на принципите на Берлинскиот процес.

„За секој проект на ЕУ е создадена содржина наречена – проектна единица за имплементација. ‘Отворен Балкан’ е единица за спроведување на Берлинскиот процес“,заклучи Рама, пренесува „Косово онлајн“.

Досега иницијативата „Отворен Балкан“ ја прифатија Србија, Северна Македонија и Албанија.