Рекорден број новозаболени од ковид во Србија, 45 починати

0
21

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 8.467 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем број на нови инфекции за еден ден од почетокот на пандемијата. Тестирани се 26.292 лица, пренесува РТВ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека земјите од Западен Балкан, кои не ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, ќе се приклучат порано или подоцна, пренесува ТВ Клан Косово.

„’Отворен Балкан’ е воспоставен и ќе се спроведе, времето ќе докаже, како што одминува од година во година, дека оваа иницијатива е добра. Дефинитивно ќе има место во ‘Отворен Балкан’ за оние што ќе дојдат порано или подоцна, а оние што ќе се придружат подоцна, едноставно ќе бидат во загуба, и земјата и луѓето“,рече Рама денеска на прес-конференција во Тирана со претседателката Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска беше во посета на Тирана.

Фон дер Лајен, по Албанија, попладнево пристигна и во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Рама нагласи дека „Отворен Балкан“ е стратегиски интерес и дека се темели на принципите на Берлинскиот процес.

„За секој проект на ЕУ е создадена содржина наречена – проектна единица за имплементација. ‘Отворен Балкан’ е единица за спроведување на Берлинскиот процес“,заклучи Рама, пренесува „Косово онлајн“.

Досега иницијативата „Отворен Балкан“ ја прифатија Србија, Северна Македонија и Албанија.