РИСТОВСКИ: ЌЕ ИЗНЕНАДИМЕ НА ОВИЕ ИЗБОРИ СО НАШИОТ ПРИСТАП

0
18

Нашиот принцип е да се дадеме со се, искрено и чесно, очекуваме кога народот ќе препознава искрени намери, вредност, доблест и интегритет. Ќе изненадиме на овие избори со нашиот пристап. Околните народи и држави ја примаат и ја спроведуваат таа визија, да одиме чекор понапред и да погледнеме од повисока перспектива на нашата реалност. Да покажеме од Македонија богата и просперитетна држава. Има систем на монополи, кај нас има монополски партии, во политичкиот систем. 90% од Буџетот оди кај монополите. Зошто победникот од претходните парламентарни избори да има 90% Буџет, зошто 90% од медиумската кампања да им припаѓа на победниците на претходните избори. Ние како народ тоа го прифаќаме како нормално. Тоа е како на Усеин Болт да му дадете предност 100 метри пред другите тркачи затоа што е победник на претходната трка. Ако немате конкуренција, отворен пристап, тогаш резултатот ќе е ист“ – вели Љупчо Ристовски – претседател на ИНТЕГРА во Студио 10 на ТВ24