СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап нa локалните избори.

0
21

СДСМ и уште 20 партии попладнево потпишаа Договор за заеднички настап на претстојните локални избори.

Како што изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по заедничката средба во партискиот штаб, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

Вака поставена, рече Заев, коалицијата е гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, равзојот на регионите и општините.

– Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, истакна Заев.

Според него, коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда во првиот и вториот изборен круг.

Заев подвлече и дека денешното потпишување на Договорот има симболика.

-На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, подвлече Заев.