Седум кандидати за градоначалници на Тетово пријавени до ОИК

0
23

Општинската изборна комисија во Тетово до крајниот рок за пријавување на кандидатури на локалните избори до 24 часот на 11 септември, има примено седум пријави за кандидати за градоначалници и десет за советнички листи.

Кандидати за градоначалник доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра, информира од ОИК Тетово.

Листи со кандидати за членови на Советот доставиле десет предлагачи од кои девет се од политички партии и една група избирачи. Од партиите тоа се Демократската партија на Турците, Движењето Беса, Левица, ВМРО-Народна партија, ДПА, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и група избирачи предводена од Хамди Сулејмани.