Сектор за јавни дејности – Во некои тетовски основни училишта, дел од родителите не ги пуштаат своите деца на настава со физичко присуство

0
50

Околу 7000 ученици од средните општински и државни училишта во Тетово согласно владините протоколи следат настава онлајн.

Според надлежните засега ваквиот начин на настава тече без проблеми

Од Секторот за образование, информираат дека и наставата со физичко присуство во основните училишта се одвива без некои поголеми проблеми.

– Има во некои училишта каде родителите не ги пуштаат своите деца на училиште поради од страв од вирусот , но таа бројка е незначителна и се надеваме дека овој мал проблем ќе се надмине, рече Ахмед Ќазими раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Засега нема точни бројки колку од наставниот кадар е заразен од вирусот и колку се во изолација, со оглед како што велат од Секторот за јавни дејности дека е прв ден од почетокот на учебната година и бројот на позитивни и изолирани допрва ќе се евидентира.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, уште еднаш апелираше на помасовна вакцинација, особено на наставниот кадар, кој постојано ќе биде во контакт со учениците, а кој засега според бројките над 70 % е веќе имунизиран.