Села од Тетово – Иднината на оваа држава ќе започнеме да ја градиме од внатре од самите општини, каде нашите кандидати ќе издвојат голема победа

0
21
Алијансата за Албанците со своја прва партиска активност од Тетово каде беше отворен општинскиот изборен штаб. Претседателот Зијадин Села очекува голема победа во општините, каде кандидатите на неговата партија и коалициониот партнер Алтернатива ќе понудат како што рече квалитетна програма.

 

Иднината на оваа држава ќе започнеме да ја градиме од внатре од самите општини, каде нашите кандидати ќе издвојат голема победа, рече претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. За Тетово и другите општини имаме одлична програма, која нуди добри услови за живот, а неа ќе ја реализираат квалитетни кадри, интелектуалци.

Од Алијансата за Албанците каде својата прва партиска активност ја започнаа од Тетово со отворање на општински изборен штаб во седиштетето на партијата очекуваат мирни фер и демократски избори. Заедно со коалициониот партнер Алтернатива ќе се натпреваруваат со кандидати за градоначалници во 15 општини, а советнички листи имаат поднесени за 29  локални самоуправи ширум државата