Симовски: Се работи на пронаоѓање багови на системот за пописот

0
20

Денеска од сабајле системот за попишување не работел, затоа што се работело на отстранување на багови, информира директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој беше во посета на Средното техничко училиште во Куманово.

Според него, вакви проблеми се очекувани кога се работи за технологија и тоа таква што прв пат се употребува кај нас.

– Моите информации се дека се прави апдејт на тоа што вчера се сработи и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви и да се багови кои може да се јават со она прекинување во текот на вчерашниот ден и дека немаме проблеми во однос на тој дел сега – вели Симовски.

Според него, прекинот не може да предизвика дуплирање на податоците.

Симовски смета дека нема да има потреба од продолжување на рокот за одржување на пописот, заради овие проблеми, затоа што се очекува да се надминат во текот на овој ден.

– Денеска е трет ден од спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Одиме на терен, ја спроведуваме оваа активност и се надеваме дека ќе ја завршиме до крајот на предвидениот рок -рече Симовски, кој додаде дека има добар прием кај населението.

Попишувачите добиваат адреси, не лични имиња, за лица кои се во изолација, за да се договорат кога може да дојдат да го извршат попишувањето.

Досега нема изречено казна за ниту еден граѓанин во Македонија кој одбил да се попише затоа што тоа не се случило.

– Се надевам дека никој нема да биде казнет и дека пописот успешно ќе се спроведе – рече Симовски.

Премиерот Зоран Заев пак, при посетата на Бојане денеска рече дека бил информиран оти имало прекин во системот за внесување податоци за населението, вчера, но дека за еден ачс, проблемот бил надминат.