Србија и Косово постигнаа договор

0
52

„Имаме договор“ напиша на Твитер денеска специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. По два дена интензивни преговори, постигнат е договор за деескалација на спорот околу меѓусебното признавање на регистарските таблички.

Косово се согласило да ги повлече од границата специјалните единици на полицијата и да ги отстрани блокадите на патиштата.

Силите КФОР, според изјавата на Лајчак, би требало да се погрижат за „безбедно опкружување и слобода на движење“. Работна група, во која треба да има и претставници и на ЕУ, сега има време од шест месеци да изнајде трајно решение.