Сушата ги преполови земјодолскиот род во тетовско

0
20

Поскапените и недостигот на земјоделските производи на тетовскиот пазар се резултат на сушата, која ја зафати Македонија, па и целиот тетовски регион. Од нивите едвај собираме половина род, се жалат земјоделците.

По неколку килограми домат, краставица лукче, кромидче, ставени во неколку најлонски кеси и гајби. Ваква е сликата околу тетовскиот зелен пазар, каде претежно продаваат земјоделците од овој регион. Велат немаме што да продаваме, сушата ни го уништи половина од засаденото.

-Се чекаме од господ, ако заврне ќе има род, ако не нема. Системите за наводнување никој не ги одржува, а тие кои се запуштени никој не ги санира, велат земјоделците.

Од АД Водостопанство подружница Тетово, велат дека приоритет им е да го стават целосно во функција каналот за наводнување Радиовце – Бистрица кој половина е оспособен, а останатиот дел од река Пења се до Теарце се очекува да се чисти и санира наскоро. За реконструкција на системите за наводнување се надеваат на помош од владата.