Талибанци: Кина ќе ја задржи амбасадата во Кабул и ќе ја зголеми помошта

0
31

Портпаролот на Талибанците синоќа соопшти дека Кина ветила дека ќе ја задржи својата амбасада во Авганистан и ќе ја зголеми помошта за земјата разурната од деценискиот конфликт, пренесува Бета.

Абдул Салам Ханафи, член на политичкото биро на исламистичката група во Доха, „имаше разговор со Ву Јианг, заменик -министер за надворешни работи на Народна Република Кина”, напиша портпаролот Сухаил Шахин на Твитер.