ТАТКО МАЈКА И ЌЕРКА ОД ТЕТОВСКО НЕ СЕ ИЗБОРИЈА СО ВИРУСОТ, СЕГА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЖРТВИ НА КОРОНАТА

0
19

Трагедија во тетовско. Три лица од исто семејство ги загубија животите од КОВИД 19. Сите биле со коморбидитети, а не се јавиле воопшто на лекар.

 
-Минатата недела во домашни услови починаа три лица од исто семејство, од кои најмладата 36 годишна жена со одредени коморбидитети која имала и гинеколошки проблеми, а нејзини родители со тешка форма на болест, таткото со канцер, мајката со кардиолошки заболувања. Генетиката и коморбидитети се главниот фактор и игра голема улога какви последици од вирусот ќе имаме, други членови од тоа семејство не се заразени, рече д-р Миранда Пајазити од Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

 

Докторката апелира лицата и со најмал симптом да се јавуваат на лекар. Деновиве според неа расте свеста, но таа не е доволна, затоа имаме вакви трагедии со смртни случаи.Најголем проблем е што едно лице од едно семејство ако е позитивно се групира и меша со останатите членови. Се претпоставува дека семејството се заразило на некој свадба или семејна прослава.

-Можно е да имало  групирање, не само на свадби, има и групирања на други семејсни веселби, кои може да доведат до зараза, затоа ние апелираме да нема групирања. Многу често од исто семејство се заразуваат од ковид. Нажалост доаѓаат пациенти во крајна фаза не одат на болничко лекување, сега малку е подобрена состојбата. Мора кога еден од семејството е позитивен да се изолира, а другите да се тестираат, а треба тие што се позитивни да бидат свесни да не ги заразат другите, вели доктор Пајазити.

Сега следува пописот, период кога треба многу да внимаваме, затоа што делта сојот е многу опасен и од него вирусот брзо се шири, а веројатноста еден попишувач да зарази други лица е голема, потенцираат здравствените работници од тетовско. 

ММС