Тетово во тридневна жалост, сведоштва на очевидци за големиот пожар

0
20

 

Синоќа за жал се случи немил настан што разлеа голема црна дамка над тетовското небо. Во тетовската модуларна болница наменета за пациенти заразени со ковид, вчера околу 21 часот изби огромен пожар што според досегашните информации официјални 14 лица ги загубија животите. Иако информациите во јавноста убедуваат дека се ќе биде под контрола, инстуциите се трудат да си ја завршат најдобро што можат нивната работа, граѓаните се јавуваат со различни страни со различни мислења и ставови.

 

 

Некои очевидци на синоќешниот пожар јавно го изразија своето мислење.

-Сите беа во паника, пожарот беше страшен. Јас успеав да однесам две боци со кислород дома на оние кои успеаја да се спасат, затоа што не можеа да дишат и во оваа ситуација тоа беше најмалку што можев да направам, сподели тетовец кој има фирма за продажба на боци на кислород и плин.

-Јас штотуку се вратив од кај пријателката. Бевме излезени кога брат и и пиша порака дека баба им е една од жртвите. Моментот нѐ потресе сите и ја однесовме дома. Што можам друго да кажам, не верувам во безбедноста повеќе. Една модуларна болница направена на тој начин целата во оган. Не сум стручна да давам стручно мислење, но ова не го заслужуваме, го изрази своето мислење жителка на Тетово.

На инстаграм профилите имаше споделено многу различни информации во врска со несреќата. Некои од нив директно ја напаѓаа слабата заштита и промисленост на владата за да изгради една ваква болница.

-Мислам дека сето ова е резултат на една корумпирана влада во едно корумпирано општество, Срамота!, објавил инстаграм корисник на своето инстаграм стори.

-Ќе ни требаат многу повеќе од 30 години да научиме за некои работи, стоеше на друг профил.

-Причините нема да се откријат, исто како што не се откри одговорниот за снемување на кислородот пред две недели. Замислете некој се охрабрил да скине цевка со кислород. И сега по две недели се случува сето ова. Се чувствуваме небезбедно и несигурно. Нашите срца се со фамилиите на настраданите, сподели граѓанин на Тетово.

 

Ангела Б.