Тетово ќе добие шеталиште долж коритото на река Пена

0
17

Започнаа работите за уредување на шеталиштето од двете страни на коритото на река Пена во Тетово, почнувајќи од мостот на булеварот Индустриска  до Мелницата во Горна Чаршија, во вкупна должина од 1,6 километри.

Овој проект вклучува уредување на пешачки патеки, поставување урбана опрема, клупи за седење и канти за отпадоци, 5 игралишта за деца, уредување на паркови и зеленило, како и поставување на јавно осветлување.

Со ова, граѓаните на Тетово ќе добијат уредена рекреативна област во градот, што на Тетово му недостасуваше со години,  истакнаа од Општина Тетово

Проектот е вреден 23 милиони денари, а е финансиран од владината програма ТАВ.

Ова е само еден од десетте проекти во градот кои градоначалничката Арифи заедно со владини министри ги промовираше за изминативе десет дена. Вчера и локалната и централната власт се пофалија со реконструкција на регионалниот пат Тетово – Јажинце кој ќе се обнови, но само до село Џепчиште, а денес властите најавија и почеток на градежни активности за реконструкција на локалниот пат Тетово – Селце