Тешки повреди по целото тело, хоспитализирано дете од Мала Речица по напад од кучиња скитници

0
17

Дете од Мала Речица е хоспитализирано откако претрпе големи повреди од напад на кучиња скитници. Како што пренесуваат роднините на детето, тоа си играло во моментот кога било нападнато.

Од фотографиите што ТВ21 ги обезбеди од семејството, може да се види дека има повреди по целото тело. Членовите на семејството се иритирани од случајот и бараат итни решенија од општинските власти за решавање на проблемот со кучињата скитници во Тетово.