Убиен 40 годишен полицаец во Велес

0
16

Утринава околу 2:30 минути итната медицинска помош примила повик за интервенција на ул. Максим Горки во Велес. Прегледот на лекарскиот тим констатирал смрт кај маж на околу 40 годишна возраст кај кого била утврдена убодна рана од нож во пределот на градниот кош.

Од СВР – Велес, велат дека починатиот бил полицаец и во тек е истрага за случајот. Повеќе детали најавија во текот на денот. Неофицијално станува збор за љубовна драма. Приведено е женско лице кое е осомничено за убиството на полицаецот.