Филипче: Понудив пишана оставка до премиерот Заев

0
20

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција соопшти дека понудил писмена оставка од функцијата до премиерот Зоран Заев, што следува по пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово каде загинаа 14 лица.

„Пред година и пол го регистриравме првиот ковид-случај во нашата земја. Од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспраентно, соопштувајќи ги сите – и добри и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, не останав должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди. Мнгоу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа може да го опишат ниту начин за да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“,рече Филипче, кој се заблагодари на соработниците и на медиумите.