Хаос во Приштина, интервенирала полицијата: „Ги штитите злосторствата на Србија“ (ВИДЕО)

0
27
Две лица се појавија пред неа и почнаа со свирчиња да прават бучава.

 

Пред конференцијата беа организирани протести пред судот, а демонстрантите ја обвинија Трендафилова дека се обидува да ја смени историјата на Косово, пренесува Коха.

Демонстрантите пред судот извикуваа слогани против Трендафилова и Специјалниот суд и носеа транспаренти дека на Косово немало етнички злосторства и затоа не може да се суди.

На транспарентите беше истакнато дека треба да се суди за сите злосторства, а не „да се штитат злосторствата на Србија“, како и дека треба да се соработува и со институциите во Приштина а не само во Белград.

„Срамота, срамота за тоа што ги штитите злосторствата на Србија“, пишуваше на еден транспарент.