Четвртиот бран од вирусот не зарази ниту едно дете згрижено во детската градинка Младост Тетово

0
20

Четвртиот бран на Ковид 19 кој зарази илјадници граѓани од тетовско не влезе во детската градинка Младост. Мерките и протоколите велат од установата досега не чуваа од вирусот. Интерес за упис на дечиња има, но мора да се придржуваме до стандардите за капацитет, пропишани од Комисијата за заразни болести.

-Со строго почитување на мерките и препораките ги заштитивме децата, но и установата. Ниту една група не е затворена и покрај брзата трансмисија на заразата од новиот бран во тетовско, велат од установата, рече Рамије Даути директорна детската градинката Младост Тетово.

И покрај пандемијата интерес има, но стандардите за капацитет во една група мора да се почитуваат. Добро е што отворивме нови занимални во постојните капацитети и на 90 % од барањата за упис на дечиња сме одговориле позитивно, додаде таа

Пандемијата внесе страв, но и добри навики, на кои децата се научија.

Во петте објекти на детската градинка Младост Тетово и во центрите за ран детски развој за запишани 590 деца, што е за над 20 % помала бројка од пред пандемијата.