Швајцарија ги легализираше геј браковите

0
18

Со вчерашниот референдум, Швајцарија стана 30. земја во светот која ги легализира геј браковите. Податоците велат дека, околу 64 проценти од гласачите го поддржале озаконувањето на истополовите бракови.

Резултатите покажуваат дека референдумот бил успешен, иако имало големи спротиставувања од верските групи и конзервативните политички партии.

Министерката за правда на Швајцарија, Карин Келер-Сутер, за медиумите изјави дека првите бракови ќе може да се вклучат во јули, следната годинаа.

Инаку, во Швајцарија уште во 2007 година, е воспоставена дозвола за регистрација за геј бракови, но сепак голем дел од правата беа ограничени. Со вчерашниот референдум, ќе може да посвојуваат деца, а венчаните, кои се припаднички на женскиот пол ќе може да имаат четири деца преку донација на сперма.

Оваа земја е една од последните во западна Европа, која дозволи легализација на геј бракови.